Thursday, February 25, 2010

Зеле

Zele

Манасијески Дарко (таканаречен Желе) роден 02.06.1986 своите патишта како соло артист ги започнува во 2007 гоdина, по претходно едно бурно минато во нашата мала хип хоп сцена. Најпрвин во 2003 гоdина започнува со тогаш оформениот бенд Исток-Запад. По 2 години од создавањето на бендот излегува првиот албум: „ Пред очи “ работен во Zad Agololot пеодукција (2005 година) . Работите се одвиваа брзо. Со многубројни настапи и концерти во Скопје и ширум Македонија по 4 години функционалност на групата се завршува наеднаш. Дарко Манасијески (таканаречен Желе) помина низ рацете и низ звучниците намногу продукции и продуценти (Zad Agolot, DNS Produkcija, DJ Struja, Skeetara rekords, studio Veles итн…) за крај да се пронајде себе си во новосоздадената групација и продукција наречена „ТОКСИКОЛОГИЈА“ која почнува полека, но сигурно да ги растура локалните кафеани и бини. Застанувавајќи на цврсто тло, Желе почнува агресивно да работи на својот прв соло проект.По пуштање на неколку песни ширум Македонската јавност, навести само дел од неговиот соло проект, кој во меѓувреме предизвиква поголеми и бурни реакции кај уживателите и слушателите на оваа музика и култура. Позади името на Дарко Манасијески (таканаречен Желе) стојат неколку години на цврста, сигурна и бескомпромисна љубов и работа на ова поле. Неговиот придонес за Македонската хип хоп сцена е забележан со голем број концерти, нумери кои променуваат голем број на животи, неколку видео спотови и еден албум. Дарко Манасијески (Желе) сеуште верува во моќта на оваа магична музика и ветува уште голем број на концерти, албуми, видео спотови, синглови итн. Неговото време започна, што значи сите уживатели и слушатели на оваа музика и култура нека бидат подготвени за она што Желе ке го изготви во неговата омилена куќа за аудио и видео продукција: „ТОКСИКОЛОГИЈА“.

www.myspace.com/zheleistokzapad

Зеле Зеле Зеле

Пука Козметика

Puka Kozmetika

У доба коа се тркјалаваа касети по декови се собраа 4 копилјака тацхно пред нова година 31.12.1995 и рекова кје бидеме рап група.се снимасхе по децки и дневни боравак спалјна и схпајз на синтисајзер па на ритам масхина кај се пројавует хитови као дрога бабарога и милион долари. У студио днс први платезхи неколку траки па у арена траки албун компулација и пенетрација пука да ви го на пука 2006 продусед бу маријакји скеетара. Се менјасхе формата цхленови али остануе јадро исто схо е и битно. Се настапуело по свекакви вукојебини и елитни пијано барови и големи концерти ко за загревалј (трлјак на руки на публика)сеа у токсикологија се екимисуе други албун да ви го на пука пак. Описхуено со еден збор пука козметика ти је јак кур у рап.

www.myspace.com/pukakozmetika

www.myspace.com/hronikekipa

Пука Козметика Пука Козметика Пука Козметика

Волфганг Амадеус Моцарт


Волфганг Амадеус Моцарт (Салцбург, 27 јануари 1756 - Виена, 5 декември 1791) е голем австриски композитор, автор на повеќе музички дела, се смета за еден од најголемите композитори на европска класична музика. Тој создал неверојатно големо дело на камерни, симфониски, религиозни и оперски дела како и дела за различни соло инструменти, особено за пијано. Иако бил многу малку ценет за време на неговиот животен век, Моцарт го обожавале многу подоцнежни композитори. Tој можел да свири со рацете од позади.Некој го нарекувале чудо од дете!

На денот на погребот, Виена не му се оддолжи на човекот кој нејзиното име го прослави во светот. Моцарт беше погребан во заедничката гробница за сиромаси, а неговиот сандак никој не го испрати, освен неговото куче. Негови најпознати дела се оперите „Волшебната флејта“, „Свадбата на Фигаро“ и „Дон Жуан“.

Контрабас

Контрабасот е најголем и според регистрите најдлабок гудачки инструмент со четири жици (порано имал три). Припаѓа на групата гудачки инструменти, као и виолината, виолата и виолончелото. Гудалото за контрабас е најкратко и најтешко во однос на останатите. Се свири стоејќи или седејќи на висок стол. Регистарот на контрабасот е во квартно растојание од 1Е,1А,Д,Г.

Хармоника


Хармониката е полифон и аерофон музички инструмент со клавијатура или копчиња. Музичарот на хармоника (хармоникашот) со раце го шири и собира “мевот“ чија воздушна струја поминува низ вентили. Овие вентили ги контролираат прстите на хармоникашот со притискање на клавишите.

Градба

Телото на хармониката се состои од две дрвени кутии поврзани со мев. Големината и тежината на хармониката варира во зависност од нејзиниот вид, бројот на регистри и басови. Притисокот на клавишот не се користи како изразно средство, ниту со него се контролира јачината на звукот, туку за тоа исклучиво се користи пумпањето на мевот.

Се разликуваат три основни видови хармоники: клавирска хармоника, хроматска со копчиња и дијатонска хармоника.

[уреди] Историја

Се смета дека првата хармоника ја конструирал Кристијан Фридрих Лудвиг Бушман во 1822 год. во Берлин. Хармониката ја патентирал Цирил Демиан во 1829 год. во Виена. Неговата хармоника имала копчиња само на едната страна, додека другата служела само за развлекувење.

[уреди] Употреба

Хармониката е фолклорен инструмент популарен ширум светот (Франција, Италија, Централна и Источна Европа, Латинска Америка). Присутна е и во традиционалната и новокомпонираната музика во Македонија. Хармониката поретко се користи како инструмент во забавната и сериозната музика.

Кај нас музички дела за хармоника во класичната музика имаат компонирано Тома Прошев и Властимир Николовски.[

Тромбон


Тромбонот е дувачки инструмент на кој можат да се свират длабоки но исто така и високи силни и тивки тонови. Тонот на тромбонот има светла пријатна и свечена звучна боја со која можат да се изразат различни расположенија. Него лесно можеме да го препознаеме по повлечогот. Со подвижната цевка се скратува или продолжува воздушниот столб и на тој начин се добиваат длабоки или високи тонови. Тромбонот наоѓа широка примена во симфониските, забавните, џез и во дувачките оркестри.

Најпознат македонски и светски тромбонист е Кирил Рибарски-Паганини на тромбон. Тој е надарен уметник од најголемиот формат во поглед на инструментално- техничкото мајсторство во свирење на тромбон.

Труба


Трубата е лимен дувачки инструмент. Се состои од цилиндрична цевка, којашто завршува со корпус во форма на инка. Усникот е метален, а цевката е извиена неколку пати, се свири со помош на три вентили. Трубата се употребувала и во предисториските цивилизации и времиња. Најстариот цртеж од труба е од Египет од II век пред новата ера, од времето на Тутанкамон. Исто така труба употребувале Евреите, Асирците, Римјаните и Грците. Трубата била ритуален и воен инструмент. Трубата во својот животен тек доживеала повеќе модификации, н денешниот облик го има од XV век, односно во Европа од XVI век.


[уреди] Историски развој на трубата

-Францускиот збор “тпомпете” со кој е наименуван, нај популарниот од најсовремените дувачки инструменти Трубата. Произлегува од грчкиот збор “тромос” и латинскиот збор “тремор” кој во превот означува: вибрирање, звук, шум. За предходник на современите Труби- како и на останатите лимени дувачки инструменти, се појавува сигналниот рог. Природата е таа која го открила овој инструмент а човекот го употребил.

За првпат сигналните рогови биле правени од животински рог и тоа од слонова коска, а подоцна и почнале да го изработуваат од метал и од бронза. Металот дава да се изработи рогот во повеќе форми и со тоа да се добие во подобар сјај на тонот. Роговите изработувани од метал се долги и потесни. Тие давале можност да се употребуваат и нови и поквалитетни тонови. Како сигнална труба рогот се употребувал во воени походи, културни обреди, лов и др.



[уреди] Потекло на трубата

-Долго пред нашата ера роговите биле познати на Египјаните, околу (1300) години пред нашата ера. Се употребувале различни видови по форма, големина и по квалитетот на звук. При откривањето од Лорд-Карнавон-гробница на Тутанкамон –(1320)година пред нашата ера се откриени рогови изработени од бронза, сребро, злато. Во древна Грција роговите ги користеле за подигање на духот на војските уште при опасноста од Троја во 12век пред.н.е. Подоцна грците познавале натурални труби САЛПИНКС и ги употребувале во војската

Имало два вида на Салпинкс – правата наречена“Туба” и свиена наречена – “Буцина” , двата инструмента биле изработени од злато или метал а нивните усници (муштикли) биле изработени од коска. - ТУБА достигнувала должина од 1,20м. и на неа можеле да се свират сигнали - БУЦИНА бидејки била извиена достигнувала долзина и до 3,40м. и била користена за свирење на мелодии.

БУЦИНА ТУБА


РАЗВИВАЊЕ НА ТРУБАТА -Конјаницата на Грчките војски ја користеле свиената сигнална труба “Литус”. Сигналните дувачки инструменти како трубата тие ги користеле и при отварањето на Олимписките игри. Па дури и до ден денес е запазено традиционалното отворање на Олимписки игри со труби наречени “Фанфари”.

- труба    - фанфара -  

Грците “ТРУБАЧИ” биле почитуваи луге, тие дури и имале своја организација во Цариград која била наречена “Комитес Буцинаториум”. Откако Римјаните ја освоиле Грција во првата половина на II столетие пред нашата ера и во нашите региони имало музичари, кои свиреле на лимени и бронзени рогови. Со почит од сигналните дувачки инструменти и народот, свирејки на нив во опшеството на древниот Рим говори фактот, дека традиционално во месец април се одржувал ден на трубачите наречен “Тубилистиум”. Сигналните дувачки инструменти најдени од скандинафските земји биле поразлични и се викале “Лури”. Најдените од овие инструменти биле добро сочувани и добро наштимани два по два. Од тоа може да се заклучи дека добро наштиманите иснтрументи на еден тон свиреле унисоно и си помагале еден со друг. Овие инструменти се одликувале со нивната тонова убавина. Имале чиновиден корпус и усник кој се вади од инструментот . Луруто имало 17 тона, а со предувување можело да се извадат и до 24 тона. Луруто од бронзената епоха има музеј кој се наоѓа во Копенхаген Данска. Народните преданија и легенди го поврзуваат името на Александар Македонски (356-323)год.п.н.е. со создавањето на различни по големина и вид музички инструменти и тоа од родот на лимени и бронзени натурални труби, при што на некој од нив звукот се слушал и до 15 км. Во средните векови трубата станала инструмент на привилегираните класи. Тогаш овој инструмент се знаело строго кога и како може да се користи. Средновековните сигнални труби почнале да го добиваат сличниот изглет како и сегашната труба. Сигналот кој го давала трубата строго означувал почеток на некоја борба, или некое свечено завршување. Свирачите имало строго определено кога да започнат со свирењето а кога да завршат.

СОВРЕМЕНО РАЗВИЕНИ ТРУБИ


-Денешната труба во европа датира од половината на 16 век. Со големи измени од претходните труби кои всушност претставуваат рогови од животни или не толку стручно изработени од материјали. Денешната труба има многу повеке облици и повеке врсти на труби започнувајќи од:

Труба b труба C труба F


Труба пиколо

Покрај овие инструменти постојат и други труби кој се помалку употребувани.

Лудвиг ван Бетовен

Лудвиг ван Бетовен
Лудвиг ван Бетовен
Лудвиг ван Бетовен
Лудвиг ван Бетовен

Лудвиг ван Бетовен (германски: Ludwig van Beethoven), крстен на 17 декември 1770 - починал на 26 март 1827) бил германски композитор на класична музика и пијанист. Бил важна фигура во транзициониот период помеѓу класицистичката и романтичарската ера во западната класична музика. Остананува еден од најпочитуваните и највлијателни композитори на сите времиња.

Роден е во Бон, се сели во Виена, во раните дваесетти години од неговиот живот каде учи со Јозеф Хајдн и брзо стекнува репутација на пијанист виртуоз. Слухот му се оштетува во третата деценија од неговиот живот, но продолжува да компонира, диригира и врши изведби, дури и по целосното губење на слухот.


[уреди] Биографија

Роден во елегантниот, но провинциски град Бон, своите најрани музички лекции ги добива од татко си, тежок и неподнослив човек чие предавање на алкохолот го прават Лудвиг практично глава на семејството во своите години на момчештво. Во 1787 патува во Виена и почнува да зема часови кај Моцарт, но студиите траат кратко: мора да се врати назад поради смртта на мајка си. Сепак, се враќа во Виена после три години, каде ќе остане до крајот на својот живот. Продолжува со земањето часови, но сега кај Хајдн (од кого тој „не научил ништо“), потоа со Албрехтсбергер и на крајот со Салиери, од кого го учи Италијанскиот вокален стил. Во Виена, престолнината на музиката во Европа во тоа време, Бетовен се истакнува како виртуоз на клавир од највисок калибар: неговиот првично груб стил, се рафинира откога го слуша пијанистот Јохан Штеркел, по што неговата врвност како пијанист ретко била оспорувана. Пред сè, бил почитуван поради извонредната моќ на импровизирање, без разлика дали било тоа на дадена тема или во развивањето на идејата во рамките на сонатен облик.


Бетовеновиот успех, пред сè, е засенет поради проблемите со слухот, кои почнуваат да го измачуваат веќе во 1797. Во 1802, откога медицинските третмани не донесуваат никакво подобрување, се повлекува извесен период во Хајлигенштад на лечење. Откога и ова се покажува јалово, Бетовен, во пред-самоубиствена депресија, пишува очајничко и жестоко писмо кон своите двајца браќа, првпат отворено откривајќи ја својата болест и објаснувајќи ја причината поради криењето на истата. Наведува и дека својата иднина ја гледа како „прогоненик; во општеството можам да влезам единствено поради најосновните потреби“. Само неговата уметност го има спречено да си го одземе животот: „ми се чинеше невозможно да го напуштам светот пред да го извлечам сето она коешто го чувствувам во себе“.


Сите приказни за Бетовеновата мизантропија, неговата ексцентричност и лудило, датираат од времето на опаѓањето на моќта на слухот, која многу често му причинува и огромна физичка болка. Станува напорен како личност, фрустрациите и лутината поради својата состојба го прават премногу остар, а трпението на неговите блиски роднини и пријатели – редовно е ставано на тест. Карл, неговиот внук и штитеник, станува толку потиштен од цврстината на вукјо си (кој му забранувал да се гледа со неговата мајка), што посегнува по својот живот како би се ослободил од него. И покрај сето тоа, моќта на шармот на композиторовиот карактер е толку голем што тој остварува бројни блиски врски со жени, иако повеќето од нив мажени благороднички, па според тоа и недостижни. Идентитетот на Бетовеновата најголема љубов, „Бесмртната Љубена“, останува мистерија до ден денешен. Најверојатна претпоставка е дека тоа била Антонија Брентано, чиешто најмладо дете многу веројатно го има зачнато тој.


Пркосно на движењата низ аристократското миље, неговиот став кон повисоките класи е прилично рамнодушен. Во срцето тој е републиканец, но тоа никако не би можело да се претпостави: скоро сите негови патрони се благороднички титулирани – почнувајќи од грофот Валдштајн во Бон. Стекнува многу големо пријателство во великодушниот Принц Личновски во 1806 со изјавата: „Имало и ќе има стотици принцови. Има само еден Бетовен.“ Онаму каде што Моцарт и неговите претходници (пр. Хајдн) се виртуози кои им овозможуваат извесен комодитет на нивните патрони во врска со своето творештво, Бетовен инсистира на издејствување на тотална независност и апсолутната важност на себе-изразувањето: „Што е во моето срце мора да излезе и јас морам да го запишам.“


Ако Бетовеновата самодоверба како изведувач драстично се намалува поради глувоста (тој конечно престанува со јавните настапи во 1815), неговите имагинативни моќи како композитор стануваат сè поголеми и поголеми. Со решавањето на матерјалните проблеми од годишната рента овозможена од неговиот ученик и пријател, Надвојводата Рудолф, како и од приходите од уште други двајца благородници, зрелоста како композитор е сигнализирана со третата симфонија, Ероика. Грубо генерализирајќи, пред оваа симфонија, Бетовен како композитор го гледаме сѐ уште во традициите на класиката и 18-от век; после оваа симфонија, најавен е правецот кој денеска го нарекуваме „Романтизам“, правецот кој го одбележува 19-от век.


Декадата која следува после Ероика донесува последователност од ремек-дела: операта „Фиделио“, гудачките квартети „Разумовски“, концертот за виолина, четвртиот и петиот концерт за пијано, четири наредни симфонии, како и неколку брилијантни дела за пијано – особено сонатите, во кои се истакнуваат „Валдштајн“ и „Апасионата“. Овие творби од таканаречениот „среден период“ на творештво, содржејќи голем дел од Бетовеновото генијално мелодиско пишување, остануваат најпознатите, но во смисла на оригиналност и интензитет, најпрекрасното допрва следува. Во средината на 1810-те, по скоро целосното повлекување од надворешниот свет, Бетовен го започнува најголемиот последователен циклус на композиции ремек-дела во историјата: последните пет сонати за пијано, последните пет гудачки квартети, „Дијабели“ варијациите за пијано, Миса Солемнис и, најпознатата од сите, огромната Деветта симфонија, сите вброени во овој „доцен период“ на творештво. Никојпат не колебајќи се во вредноста на своите речиси насилни раскрстувања со дотогашниот стил, традиции и конвенции во компонирањето, неговата последна музика е без никаков претходник, карактеризирана со голема апстракција и контраст; во блискоста на епизодите на громкост и насилство со лирските пасажи кои скоро дека се сомешуваат во тишината; во смисла на агонизирачко себе-откривање.


Како што Бетовен понира во длабочините на интроспекцијата, неговата слава плива на површината толку далеку, што, до 1824, кога неговата последна симфонија ја доживува праизведбата, неговото име и музика се интернационализирани на начин на кој ниту Моцартовото дотогаш не било. Кога тој умира, на 57 години, учесниците во поворката се затекнати од страшно незапаметено невреме кое беснее низ Виена. Се претпоставувало дека починатиот ја тресел тупаницата од небото, додека громови и молњи паѓале врз градот.


[уреди] Црковна музика

Бетовеновата карактеристично лична верба во Христијанството, верба која ги негира конвенционалните обичаи јавните изложувања, беше раздразливо тестирана низ годините на оглувувањето, но двете Миси произлегоа токму во овој период. Првата, Мисата во C-dur, е добро парче Бетовеновска музика. Втората, Missa Solemnis, е парче од најдобрата музика на деветнаесеттиот век.

Веќе кон јуни 1819 година Бетовен му напиша на неговиот ученик, надвојводата Рудолф, кој беше назначен за Надбискуп на Олмуц наредната година: „Денот кога Големата Миса компонирана од мене ќе биде изведена за време на церемониите осветени од Вашето Империјално Височество ќе биде најголемиот ден во мојот живот.“ Многу наскоро тој започна да работи на својата D-dur Миса, Missa Solemnis, но оваа моќна, нескршлива творба, не беше завршена до 1823 година.

Не постои друго парче религиозна музика воопшто напишана, кое би можело да се спореди со Missa Solemnis, како дело во кое излегува на површина борбата на творецот да достигне го внатрешениот мир, со неверојатни динамички контрасти и пасажи кои поставуваат енормни барања од оркестарот, а особено солистите. Можеби највпечатливата секција е Benedictus, масивна, Готска концепција која кулминира во десет-минутно виолинско соло со екстремна убавина која што води, како некоја голема папска процесија, кон Agnus Dei, секција што во себе инкорпорира остра, скоро војничка декламација. Поларната спротивставеност на голем број Миси, е огледана во дезориентираната откриеност на делото, некојпат смирена, некојпат напета, но секојпат длабоко спиритуална.

[уреди] Симфонии

Со деветте симфонии, Бетовен го револуционаризираше оркестарот и ги испреврте сите поранешни приоди кон симфониската форма. Првите две, комплетирани во 1800 и 1802 последователно, се отворено базирани на Моцартовата и Хајдновата музика. Но третата, Eroica, навести тотално нов концепт на мерила. Од петтата до деветтата напето се ослободуваат од притисокот и структурата на класичарските стеги и подвижно продолжуваат кон се повеќе романтичарскиот, субјективен приод кој превагнуваше во средината на деветнаесеттиот век во Европа. Бетовен ја заврши својата Деветта симфонија ви 1824; само шест години подоцна, Ектор Берлиоз ја напиша својата Фантастична Симфонија. Првиот пат целокупниот циклус поставен на снимка се случи во 1930-те од Feilx Weingartner. Од тогаш, над педесет диригенти ги имаат снимано овие неверојатни дела, иако, искрено кажано, некои кои што не требало воопшто да се мачат. Има неколку, сепак, чиј приод ја доловува атмосферата на автентичната волја на големиот автор.


Четврта симфонија, B-dur, Op. 60

Период на компонирање: летото 1806. Издадена 1808 од Kunst und industrie Comptior. Посветена на грофот Франц фон Оперсдорф. Прва изведба: Март 1807

После компонирањето на „Ероика“, Бетовен започна да работи на петтата симфонија, но ја остави на страна кога доби побарување за симфониско дело од страна на грофот на Шлезија, Оперсдорф. Не е познато зошто скиците за петтата симфонија ги оставил настрана, но се претпоставува дека дело од таков тип не би му било по вкус на грофот, но исто така веројатно Бетовен има заклучено дека бурата на петтата симфонија би направила помал впечаток врз слушателите кои беа опчинети од величината и блескавоста на третата, па затоа е потребна композиција со поконтрастна содржина. Грофот бил ревносен љубител на музиката и инсистирал секој кој е во негова служба, да мора да свири на инструмент. Па така оформениот оркестар ја извел симфонијата во дворецот на грофот во 1806 година. Исто така, грофот ја задржал симфонијата 6 месеци додека не му ја отстапил на Бетовен за да ја објави. Првпат за пошироката публика симфонијата е изведена во март 1807 и според Шнидлер, таа добила фаворизирачки реакции од целата поблика: „Нејзиниот допир со публиката остави поголем впечаток отколку било кое негово дело досега…дури повеќе и од симфонијата во Ц-дур“. Виенската критика исто така позитивно ја воспеала новата симфонија.

Бетовеновата четврта симфонија постојано е посочувана (заедно со другите симфонии на парни броеви) – како една од „посветлите“ и непомрачени дела. Оваа карактеризација не е соодветна мерка за нејзината вредност. Самата почнува во, за Бетовен мистериозниот Бе-дур, кој ги дели најдлабоките Бетовенови дела: Триото за пијано „Надвојводата“, сонатата за пијано No.29 и Гудачкиот Квартет No.13. Оваа отфрлувана симфонија е духовита, но сепак, вознемирувачка креација, со првиот став кој потсетува на титанската сила на првиот став од Ероика. Расположението на Adagio-то исто така наликува на погребниот марш од Ероика. Позната е изјавата на Роберт Шуман за симфонијата, дека ова дело личи на „витка Грчка девојка меѓу два Нордиски џинови“, која сепак, не и донесе некоја поголема слава, ниту пак верно до крај ја оцени по нејзината содржина.

ВИОЛИНА


Виолината е гудачки инструмент кој има четири жици, кои се штимаат во интервал на чиста квинта. Жиците, почнувајќи од најдлабоката, се штимаат во висина на следните тонови: ге (g), де1 (d1), а1 (а1), е2 (е2). Виолината е најмалиот инструмент во семејството на гудачки (жичани) инструменти, каде уште спаѓаат и виолата, виолончелото и контрабасот.

Гудало (лак) - должината на гудалото изнесува 73 сантиметри, а тежината варира помеѓу 55 и 65 грама (обично е околу 60 грама). Главните негови делови се:

  • Стап - претежно изграден од дрво наречено пернабуко, бидејќи доаѓа од истоимената област во Бразил. Ова дрво е силно и флексибилно во исто време, што е главна карактеристика за правење добро гудало. Прв кој почнал да го користи тоа дрво за оваа намена, бил творецот Тоурте, на крајот од 18. век.
  • Струни - направени од обработени коњски влакна, прицврстени на двата краја на гудалото (лакот), горниот - врв и долниот - т.н.. жабица. Едно гудало содржи околу 150 коњски влакна. Жабицата се затега со завртка изработена од метал, со чија помош се затегаат и отпуштаат струните. Неопходно е да се спомене и калафониумот, средството за премачкување на струните, за да се оствари подобар контакт помеѓу гудалото и жиците. Калафониумот се прави од смола.

Виолина - виолината се состои од кутија (резонатор), која го засилува звукот на жиците. Нејзиниот горен дел е од смреково дрво, со исечени отвори во форма на латиничната буква ф, и затоа се викаат f-отвори. Долната страна - дното е направена од јаворово дрво. Страниците на кутијата се составени од шест штички, на чии состави со горната и долната страница, од внатрешната страна, се поставени клинови. Кутијата продолжува со заоблен врат. Помеѓу вратот и главата се наоѓа праг, штичка од тврдо дрво(абонос). Во главата се всадени четири чивии, а главата завршува со полжав. На кутијата се наоѓа мовче (кобилица) - тенка дрвена штичка, чија функција е да го пренесува треперењето на жиците врз кутијата, а нејзината заобленост на горната страна овозможува свирење на секоја жица посебно. На долниот крај на кутијата жиците се прицврстени со т.н. кордар. Кордарот со еден јазол што поминува преку долниот праг е прицврстен за едно копче.

ПИАНО


Клавир (гер. Klavier) или пијано е музички инструмент со клавијатура кој произведува звуци со користење на чекани кои удираат на челични жици. Чеканите се обложени со ткаенина и после ударот веднаш се враќаат во позиција за да им дозволат на жиците да вибрираат. Овие вибрации потоа се пренесуваат преку мостот до резонантната даска каде што се зголемуваат по силина.

Клавирот се користи нашироко низ западната музика за солистички или концертни настапи. Мошне е популарен како алатка за компонирање и вежба. И покрај тоа што не е преносен ниту пак евтин инструмент, разноличноста и раширеноста го имаат направено еден од најпознатите инструменти.

Зборот „пијано“ е скратена верзија на зборот „пијанофорте“ кој ретко се користи освен во формални прилики. Зборот е по потекло од италијанското име на инструментот, gravicèmbalo col piano e forte (чембало со меки и гласни). Ова значи дека клавирот може да произведе ноти со различни гласини во зависност од тоа колку брзо се притиска врз клавишот.

СЕ ЗА ГИТАРА

Гитарата е музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок музиката. Гитарата вообичаено има шест жици, но постојат и гитари со седум, осум, десет, единаесет, дванаесет и осумнаесет жици.

Содржина

[сокриј]

[уреди] Историја

Фигури кои свират на предокот на гитарата. Ископани во Суза, Иран. Датираат од 2000-1500 п.н.е. Чувани во Националниот музеј на Иран.

Иструментите слични на гитарата биле популарни најмалку во последните 5.000 години. Изгледа дека гитарата потекнува од пораните иструменти познати во древна централна Азија како цитара. Инструменти многу слични на гитарата се појавуваат и во антички статуии и цртежи ископани од стариот ирански главен град Суза. Модерниот збор, гитара, бил усвоен во македонскиот јазик од средновековниот андалузиски арапски[1] Κιθάρα, кој потекнува од пораниот латински cithara, кој пак доаѓа од грчкиот збор китара,[2] кој пак потекнува од старо-персискиот збор sithar.[3]

Зборот qitara е арапско име за разни членови на семејството на лејти кое биле претходник на западната гитара. Името guitarra било воведено во шпанскиот јазик кога таквите инструменти биле донесени на Иберија од Маврите по X век. (Погледајте ја поврзаната статија).

Гитаристка (околу 1672), од Јоханес Вермер

Најраната шест-жичана гитара била направена во 1779 од Гаетано Винасија (1759 - по 1831) [4] [5] во Неапол, Италија. Семејството Винасија е познато по развивањето на мандолината. Оваа гитара била прегледана и не покажува знаци на модификација од друг тип на гитара.[6]

Модерните димензии на класичниот инструмент биле воспоставени од Антонио Торес Хурадо (1817-1892), кој работел во Севиља во 1850-тите. Торес и Луиз Панормо во Лондон (активен 1820-ти до 1840-ти) биле одговорни за демонстрирањето на супериорноста тој изглед на гитарата.

Електричната гитара била патентирана од Џорџ Бошам во 1936. Бошам бил ко-основач на Rickenbacher кои го користеле магнетот во форма на потковица. Сепак, Danelectro биле оние кои први произвеле електрични гитари за пошироката јавност. Danelectro исто така биле пионери во технологијата на лампашки засилувачи. [се бара извор]

[уреди] Типови на гитари

Гитарите можат да бидат поделени на две широки категории, акустични и електрични:

[уреди] Акустични гитари

Акустичната гитара не е зависна од никаква надворешна направа за засилување. Формата и резонирањето на самата гитара создаваат акустично засилување. Сепак, незасилената гитара не е гласен инструмент. Не може да се натпреварува со другите иструменти кои се наоѓаат во групи или оркестри, во смисол на чиста слушна гласност. Многу акустични гитари се достапни денес со вградена електроника и моќност да се овозможи засилување.

Постојат неколку подкатегории во групата на акустични гитари: гитари со челични жици, во кои спаѓаат, западната гитара, блиско поврзаната дванаесет-жичана гитара, и џез гитарата. Скорешен новајлија во групата на акустични гитари е акустичната бас гитара, слична во штимањето на електричниот бас.

  • Ренесансна и барокна гитара: Овие се грациозните предци на модерната класична гитара. Тие се значително помали и поделикатни од класичната гитара и создаваат многу потивок звук. Жиците се во пар како кај модерните 12-жичани гитари, но тие имаат само четири или пет пара жици, наместо шест. Тие почесто биле користени како ритмички инструменти во ансамбли отколку како соло инструменти, и може често да бидат видени во таа улога во изведбите на рана музика. (Гаспар Санцовата Instrucción de Música sobre la Guitarra Española од 1674 ги содржи повеќето од преживеаните соло корпуси за ерата.) Ренесансните и барокните гитари се лесно препознатливи поради тоа што ренесансната гитара е многу едноставна, а барокната гитара е полна со орнаменти, со резби по целиот труп и врат, и хартиена „свадбена торта“ свртена наопаку во дупката.
  • Класични гитари: Гитарите од овој тип вообичаено имаат најлонски жици, се свират од седечка положба и се користат за свирење на разни музички стилови вклучувајќи класична музика. Класичната гитара е дизајнирана со цел да овозможи свирење на соло полифонски музички дела на истиот начин на којшто тоа може да се направи со пијанофорте. Ова е главната точка во разликата помеѓу дизајнот на класичниот инструмент и другите дизајни на гитари. Фламенко гитарата е многу слична во конструкцијата, има поостар звук и е примарно наменета за фламенко. Во Мексико, една маријачи група вообичаено има разни типови на гитари, од минијатурното реквинто до гитаронот, гитара поголема од виолончело, која што е наштимана по бас клуч. Во Колумбија, еден традиционален квартет содржи разни типови на инструменти исто така, од малата бандола (понекогаш нарекувана и Делојце-гуатари, за употреба при патување во затворени простории), до малку поголемото типле, до класичната гитара во нормална големина. Модерните димензии на класичниот инструмент биле поставени од Антонио Торез Хурадо (1817-1892). Класичните гитари понекогаш се нарекуваат и гитари за класика, иако тоа не е точниот превод од шпански.
  • Португалските гитари се 12-жичани гитари кои се користат во Португалија за традиционалните фадо песни. Нејзиното вистинско потекло не е баш сигурно, но постои општо-прифатен споразум дека потекнува од Средниот Век. Често (и погрешно) се смета дека е базирана на т.н. „англиска гитара“ - честа грешка со оглед на тоа што не постои такво нешто. Одреден временски период најдобрите инструменти од овој и други типови биле изработувани во Англија. „Англиска гитара“ се однесува на квалитативен стандард, а не на вистински тип на инструмент. Овој определен инструмент најверојатно е комбинација од средновековните „цистра“ или „цитара“ и арапската лејта.
  • Западните гитари се слични со класичните гитари, но големината на трупот е обично значајно поголема отколку таа на класичната гитара, има потесен и појачан врат, посилен структурен дизајн, со цел да ја издржи поголемата тензија на челичните жици кои произведуваат посветол тон, и според некои музичари, и погласен звук. Акустичната гитара се користи често во фолк и олдтајм музиката, како и во блузот.
  • Џез гитарите се жичани инструменти со челични жици кои имаат дизајн на f-дупка инспириран од виолината, на кои предниот дел (често и задниот дел) на инструментот се изрезбани во заоблена наместо рамна форма. Лојд Лор од Gibson ја измислил оваа варијација на гитари откако дизајнирал мандолина од ист тип. Типичната џез гитара е гитара со шуплив труп чијашто форма е повеќе како таа на инструмент од фамилијата на мандолини или виолини, и може да биде акустична или електрична. Некои електрични гитари со тврд труп исто така се сметаат за џез гитари, иако вообичаено 'џез гитара' се однесува на шупливата форма на трупот. Џез гитарите биле веднаш присвоени по нивното издавање од џез и кантри музичарите и останале особено популарни во џез музиката, вообичаено користејќи подебели жици отколку акустичните гитари. Џез гитарите се често погласни отколку вообичаена акустична гитара. Електричната џез гитара со шуплив труп има посебен звук помеѓу електричните гитари и затоа е соодветна за многу стилови на рокенрол. Многу електрични џез гитари наменети за употреба во рокенролот имаат и тремоло рачка.
  • Резонаторските, резофонските или Добро гитари: Слични на западните гитари по изглед, но со звук кој го произведува металниот резонатор сместен во средината на врвот на гитарата наместо отворена звучна дупка, со тоа што физичкиот принцип на гитарата е всушност посличен на бенџото. Намерата на резонаторот е да го засили звукот на гитарата; оваа намера во голема мера е надмината со електричното засилување, но резонаторската гитара сѐ уште ја свират оние го го сакаат нејзиниот карактеристичен звук.

    Резонаторските гитари може да имаат или еден резонаторски конус или три резонаторкси конуси. Три-конусните резонаторски гитари имаат два конуса на левата страна еден над друг, и уште еден веднаш до нив на десната страна. Методот на пренос на звучната резонанција до конусот е или BISCUIT кобилица, изработена од мало парче тврдо дрво, или SPIDER кобилица, изработена од метал и поголема во големина. Три-конусните резонаторски гитари секогаш користат специјална метална SPIDER кобилица.

    Постојат и резонаторски гитари со рамен врат, кои се свират исправено, во скутот на седнатиот гитарист, и често со метален или стаклен слајд. Резонаторските гитари со заоблен врат вообичаено се свират на ист начин како и другите гитари, иако слајд гитарите се користат почесто, особено во блуз музиката.

  • 12-жичаните гитари вообичаено имаат челични жици и често се користат во фолк музиката, блузот и рокенролот. Наместо вообичаните шест жици, 12-жичаната гитара има парови, како мандолината. Секој пар на жици е наштиман или еднакво (двете највисоки) или со октава разлика (другите). Тие се произведуваат и во акустична и во електрична форма.
  • Руските гитари се седум-жичани акустични гитари кои биле норма за руските гитаристи за време на 19 и 20 век. Гитарата вообичаено се штима во G-dur.
  • Акустичните бас гитари исто така имаат челични жици, и се совпаѓаат со штимањето на електричниот бас, кој исто така е сличен на традиционалната двојна бас виола, или „голем бас“, важен инструмент во жичаните оркестри и блуграс групите исто така.
  • Гитари-харфи. Гитарите-харфи тешко се класифицираат со оглед на тоа што постојат голем број на варијации во рамките на типот на оваа гитара. Тие се типично ретки и невообичаени на популарната музичка сцена. Повеќето се состојат од нормална гитара, плус додатни 'харфни' жици кои се наоѓаат над шесте нормални жици. Инструментот е вообичаено акустичен и жиците на харфата се вообичаено наштимани на пониски ноти отколку жиците на гитарата, за додатен бас домет. Нормално не постојат ниту врат ниту стапала за харфните жици. Некои гитари-харфи исто така имаат и жици со повисоки ноти кои се наоѓаат под традиционалните гитарски жици. Бројот на харфни жици варира во голема мера, во зависност од типот на гитарата и личните желби на свирачот (така често се изработуваат по личната желба на свирачот).
  • Гитари со продолжен домет. За повеќе од еден век гитарите со седум, осум, девет, десет или повеќе жици се користеле од мал број на гитаристи како начин за зголемување на дометот на висината на звукот достапна на свирачот. Вообичаено под ова се подразбира додавање на дополнителни бас жици.
  • Гитара батенте. Батентето е помало отколку класичната гитара, вообичаено се свири со четири или пет метални жици. Воглавно се користи во Калабрија (регион во јужна Италија) со цел да ги придружува вокалите.
Овој Fender Stratocaster ги има особините на најголемиот дел од електричните гитари: повеќекратни магнети, тремоло рачка, потенциометри за гласност и тоналитет.

[уреди] Електрични гитари

Главна статија: Електрична гитара.

Електричните гитари може да имаат тврди, полу-шупливи, или шупливи тела, и произведуваат малку звук без засилување. Електро-магнетите (единечни или двојни навои) ја претвараат вибрацијата на челичните жици во електрични сигнали кои се предаваат на засилувачот преку кабел или радио уред. Звукот е фреквенционално модифициран од страна на други електронски направи или природно разобличување на лампи (вакуум цевки) во засилувачот. Електричната гитара се користи најмногу во џезот, блузот и рокенролот, и била комерцијализирана од страна на Gibson заедно со Лес Пол и независно од Лео Фендер. Пониската акција на вратот (височината на жиците во однос на вратот) и нејзиното електрично засилување ѝ даваат пристап на гитарата до некои техники кои не се користат толку често на акустичните гитари. Во овие техники спаѓаат tapping, значителна употреба на legato со pull-off и hammer-on техники, како и pinch harmonic, volume swell техники заедно со употребата на тремоло рачка или педали за ефекти. Седум-жичаните електрични гитари со тврд труп биле развиени во 1990-тите (порано во џезот) со цел да се постигне потемен звук преку продолжување на долниот домет на гитарата. Тие се користат денес од гитаристи како Џејмс „Манки“ Шафер, Дејв Вајнер, Џон Петручи, Џеф Лумис, Стив Смит и Стив Ваи. Meshuggah, Дино Казарес, Расти Кули & Чарли Хантер одат чекор подалеку, користејќи осум-жичана гитара со две дополнителни ниски жици. Иако најчесто додаваната седма жица е долна B жица, Роџер МекГвин (Од групите Byrds и Rickenbacker Fame) ја популаризирал варијантата во која октавна G жица парира со вообичаената G жица како на дванаесет-жичана гитара, што му дозволува да вметнува елементи од свирењето на 12-жичана гитара во стандардно 6-жичано свирење. Ibanez произведува многу варијанти на електрични седум-жичани гитари.

Електричната бас гитара е слична во штимањето со традиционалната двојна бас виола. Постојат и хибриди од акустичните и електричните гитари. Исто така постојат и поегзотични варијанти, како двојно-вратните гитари, сите предмет на различни аранжмани на жиците, вратовите без прагови (користени скоро ексклузивно на бас гитарите, измислени со цел да го емулираат звукот на контрабасот), 5.1 surround гитара, и слични.

[уреди] Делови на гитарата

Типични делови на класичните и електричните гитари
  1. Глава
  2. Препрека
  3. Штимери (или штимерски клучеви)
  4. Стапала
  5. Носач
  6. Фурнирки
  7. Врат
  8. Колено
  9. Труп
  10. Магнети
  11. Електроника
  12. Кобилица
  13. Штитник
  14. Заден дел
  15. Звучна кутија (врв)
  16. Страни на трупот (ребра)
  17. Звучна дупка, со розетна форма
  18. Жици
  19. Лежиште
  20. Гриф
Acoustic guitar parts.pngElectric guitar parts.jpg


[уреди] Штимање

Главна статија: Штимање на гитара.

Гитарата е транспозирачки инструмент. Звукот кој го произведува е октава понизок од неговата нотација.

Се користат голем број на разни штимања. Оддалеку најчестото, познато како „стандардно штимање“ (EADGBe), е следното:

  • шеста (најнизок тон) жица: E/ми (82,4 Hz)
  • петта жица: A/ла (110,0 Hz)
  • четврта жица: d/ре (146,8 Hz)
  • трета жица: g/сол (196,0 Hz)
  • втора жица: b/си (246,92 Hz)
  • прва (највисок тон) жица: e'/до (329,6 Hz)

Ноти на гитара.jpg